Мајката на Боки 13, Јасмина Јовановска преку социјалните мрежи на својот син му го честиташе 37 роденден.
„Да се биде мајка е една од најсветите и најодговорни задачи на овој свет, благодарна сум што сум ја добила задачата да бидам мајка на Бојан. Неговата специфичност, неговиот индивидуализам, неговата енергија и дух се она што мене ме прави дополнително одговорна, а во исто време ме прави и најгордата мајка на овој свет со сето бреме кое го поминуваме заеднички сите овие изминати години !
Денеска Бојан полни 37 години, позади него се безброј премрежја и неправди, а пред него му посакувам пред се здравје, нови предизвици и победа на целото нанесено зло !
Среќен роденден Бојан !
Те сакаме со цело срце“, стои во објавата.