Мелис Гибсон која е плус сајз блогерка преку ноќ стана вистинска ѕвезда, а поради неа познато стана и нејзиното момче кое многумина го осудуваат зошто е со неа.
Имено, на Инстаграм се појавија негативни коментари на сметка на девојката, а го нападнаа и нејзиното момче дека наводно, имал некој фетиш штом е со неа.
-Она кога во фустан ќе застанеш до човекот што го сакаш, а добиваш грозни коментари на сметка на твоето тело и килограми и прашања дал навистина моето момче ме сака. Но, ние и понатаму ќе се бориме да бидеме заедно и да не прифатат луѓето. Ние сме точно тоа што сакаме и нашите тела се дел од тоа,- вели блогерката која објавува провокативни фотографии се со цел да го привлече вниманието на целиот свет и луѓето да се навикнат на нејзиното тело.