Ќерката на поп-ѕвездата Бијонсе и раперот Џеј Зи, се појавила на синоќешниот натпревар во НБА лигата и го украла вниманието, а на социјалните мрежи многумина пишуваат колку таа лични на својата мајка.
Џеј Зи синоќа ја повел својата ќерка – 10-годишната Блу Ајви Картер на натпреварот на финалето во НБА лигата, меѓутоа девојчето овојпат сето внимание го свртело на себе и го засенила својот популарен татко.
To us: Jay Z, the all time rap legend
To Blue Ivy: embarrassing dad pic.twitter.com/yOsIpBUVyz— philip lewis (@Phil_Lewis_) June 14, 2022
Кога камерите го забележале Џеј Зи со ќерката, девојчето се засрамило, додека таткото бил горд.
Многумина коментираа дека малата Блу Ајви наликува на мајка ѝ Бијонсе, така што веќе има беспрекорно чувство за стил и дека за оваа прилика избрала одличен стајлинг.