Додека корона-пандемијата на многумина им носи грижи, нервози и главоболки, на Натали и Кану од Австралија им донесе четири нови членови на семејството…
Со четворката бебиња, брачната двојка го зголеми своето семејство од три на седум члена преку ноќ. Досега, тие ја имаа двегодишната ќерка Кијана, која сакала да има брат или сестра. Но, тие во меѓувреме се бореле и со неплодноста… Добрата вест дошла кога светот се затвори дома поради корона-кризата. Бебињата се родиле со царски рез во 34-та недела од бременоста.
Родени се три девојчиња – Френки Џин (1.920 грама), Марли Роуз (2.200 гр.) и Медисон Грејс (2.100 гр.) и едно момче, Мајо Кан (2.300 грама).
– Во моето семејство има близнаци и, јас ќе бев среќна и со две. Никогаш не ни сонував за четири!,- изјави Натали за списанието „Карент афејр“.
Родителите нагласуваат дека бебињата напредуваат добро, а најголемиот проблем сега им е недостатокот на сон, како што велат на шега.