Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски со видео на Фејсбук ја коментираше пресудата затвор за екс директорот нa УБК, Сашо Мијалков.
“Плови Саша… Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина, затоа што, уште еднаш се докажа дека Обединети за Македонија не излезе од ВМРО, а излезе од ДПМНЕ.
Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда.
Ми претставува огромно задоволство, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови.
Јас не сум човек што се сити на нечија несреќа, мене не ме исполнува никакво страдање. Можеби и затоа сме различни од нив и затоа се гордеам со тоа.
Јас – Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија секогаш ќе се бориме за закон и ред, а со тоа – доследно спроведување на законите”, напиша Бошкоски.