Откако беше објавена веста за раскинувањето на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике, шпанскиот медиум El Diario NY го контактирала манекенката и навивачка на Барселона, Бразилката Сузи Кортез.
Кортез открила неколку интересни факти од врската со фудбалерот.
“Тој ми праќаше најмногу директни пораки. Единствените фудбалери на Барселона кои никогаш не ми испратиле ништо се Меси и Кутињо. Тие се добри сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужува ова”, изјавила манекенката.
Зајачицата на Плејбој објаснила како Пике воопшто стапил во контакт со неа. „Бев пријателка со поранешната претседателка на Барселона, Сандра Росела. Кога се сретнавме, Пике го побара мојот број и веднаш почна да ми испраќа пораки. Кога се вратив во Бразил, тој ме контактираше преку Инстаграм пораки кои брзо беа избришани. “, додаде таа.
„Постојано ме прашуваше кога ќе се вратам во Европа и за големината на мојот задник, а ми рече дека е љубоморен што му обрнувам внимание на Меси“, изјавила манекенката која го има истетовирано лицето на Меси. Таа објаснила и зошто токму сега излегла со оваа информација: „Никогаш не реков ништо од почит кон Шакира, но сега ќе кажам сѐ што знам и сѐ што ми се случи“.