Актерката Грејс Ван Диен на домашната публика и беше претставена во четвртата сезона од серијата „Stranger Things“ во која ја толкуваше улогата на навивачката Криси Канингем.
Грејс сега се огласи на Твитер и рече дека уште некое време нема да ја гледаме во нови улоги.
Имено, таа истакна дека во последно време одбива улоги, а како главна причина го наведе тоа што продуцент сакал да и плати за да има тројка со неа и проститутка.
Stranger Things star Grace Van Dien says she’s focusing on Twitch streaming instead of acting after producer asked her for sexual favors pic.twitter.com/ziEBFiQgAZ
— Dexerto (@Dexerto) March 9, 2023
Почнав да одбивам улоги бидејќи немав добро искуство со снимањето на последните неколку проекти. На последниот филм на кој работев, еден од продуцентите имаше девојка која ја плаќаше за да има секс со него, а еден ден ја испрати кај мене да ме праша дали ќе имам тројка со нив“, рече Грејс и шокираше многумина.