Една од најголемите измани среде корона кризата се случува во Италија, во местото Бусто Арсизио, а актери се луѓе од овие простори, поточно од Србија. Семејството Јовановиќ изршиле филмски измами за кои мора да им се честита на снаодливоста и на приказните кои им ги продавале.
Тие имале добро разработена шема дека се влијателни луѓе во политичките кругови во Италија, со врски насекаде и оти можат да им помогнат на клиенти да ги сменат парите по поволен курс а ист така и сомнителни пари да им ги изнесат од земјата. Се преставувале најпрво како банкари, па потоа како шеици, и стекнале доверба кај луѓе од високиот свет.
На странците им нуделе можност за трансфер на парите или пак замена за да инвестираат во Италија или во ОАЕ, Хонк Конг или Куба. Наивните богати странци им давале пари кои Србите требало да ги исперат и направат легални. Наместо, тоа им се губело секаков траг и луѓето останувале и без пари и без инвестиција.
Парите семејството Јовановиќ ги трошело на купување куќи и стилско уредување.
Но, животот на висока нога ги чинел слобода. Имено, во еден бар во Бусто Арсизио, еден од измамените приметел дека “шеиците“ плаќала кафе со банкноти од 500 евра. Веднаш пријавил во финансиска полиција, која уапсила четири члена на семејството Јовановиќ, додека 11 се во куќен притвор. Истовремено одземени им се три вили, две селски куќи, девет апартмани, слики, два скапоцени часовници, се заедно во вредност од два милиони евра.