Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен.
По мечот, светскиот тенисер број еден повторно емотивно се „скрши“ по финалето кога се приближи до својата ложа, а потоа легна на столовите и заплака меѓу најблиските и пријателите.
Кога се врати на теренот, плачеше со солзи на столчето кога седеше и си стави крпа на лицето, а заедно со него плачеа и многу луѓе на трибините.
Она што на многумина им изгледаше како „невозможна мисија“ во текот на минатата година кога Новак претрпе тортура во Австралија, а потоа и депортација, се покажа дека е можно. Новак се „прошета“ низ турнирот во Мелбурн, беше убедлив и повторно е на врвот.
Сега за Србинот сигурно следува нова мисија, а тоа е да биде единствен со најмногу грен слем титули во историјата.
— zoranceran (@zoranceran2) January 29, 2023