Глумицата Оливија Њутн-Џон се бори со рак на дојка во четврта фаза.
Во емисијата „Today“ отворено раскажа како се чувствува и зборува за своето здравје. Со водителката Хода Котб веднаш имаа заедничка емотивна појдовна точка – и двете се бореле во извесен период од своите животи со оваа болест.
„Има денови кога сум добро, има денови со многу болка – изјави Оливија и додаде дека „низ патувањето со ракот наидува на различни изненадувања и пресврти“.
Исто така таа раскажала дека својата болест не ја доживува како борба.
„Јас победувам и така гледам на својата ситуација. Искрено, воопшто не размислувам многу за тоа. Тоа е најдобро за мене и поради тоа секој ден сум посилна. Навистина се чувствувам добро“, признала таа.
За да ја ублажи болката предизвикана од тешката болест Оливија призна дека користи канабис кој го одгледува нејзиниот сопруг.
Инаку, на Оливија Њутн-Џон и беше дијагностициран рак на дојка во 1992 година. Таа закрепна по хемотерапија и операција, но болеста се врати во 2013 година, а потоа и во ноември 2018 година.
Таа вели дека болката е неиздржлива.
„Плачам од болки“, изјавила актерката. Додала дека не сака да разговара за тоа колку ѝ останало од животот, туку одлучила да живее подолго отколку што докторите ѝ рекле и дека секој ден и е подарок.