Договорените бракови помеѓу Албанците датираат одамна, но приказната за Реџеп Кастрати е неверојатно, објавува српски еспресо.рс.
Имено, Реџеп кој е од едно село близу Призрен решил на 61 година повторно да се ожени. за 3.000 евра купил млада Албанка, која се согласила да му биде жена. Но, при продажбата го излажале, па наместо жена од 35 години како што посакувал, му донеле речиси девојче од 19 години.
Приказната за овој човек е интересно и поради тоа што со првата жена која починала во 2.000 година има дури 12 ќерки од кои добил 50 внуци. Со новата сопруга Валентина има син на кого му го даде името Диамант.