Унгарскиот премиер Виктор Орбан платил оглас во хрватскиот „Вечерњи лист“ под наслов „За иднината на Европската унија“, јавуваат хрватски медиуми.
Самиот чин, премиерот на една земја на ЕУ да плаќа и објавува оглас во друга земја на ЕУ, но и содржината предизвика лавина реакции.
Платениот оглас содржи седум предлози:
1. Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние велиме „не“ на европската империја.
2. Интеграцијата е средство, а не цел само по себе. Од темелните договори на ЕУ треба да се избрише целта за „потесна унија меѓу народите во Европа“
3. Одлуките треба да ги носат избрани лидери, а не меѓународни невладини организации! Ние велиме „не“ за аутсорсинг на владеењето на правото.
4. Силата на европската интеграција е обезбедена со заеднички економски успеси. Ако не можеме да бидеме поуспешни заедно отколку индивидуално, тогаш тоа е крајот на Европската унија.
5. Следната деценија ќе биде период на опасни предизвици: ни се закануваат масовни миграции и пандемии. Ние мора да ги заштитиме луѓето во Европа.
6. Ние мора да ја вратиме европската демократија. Европскиот парламент се покажа како ќорсокак: тој ги претставува само неговите сопствени идеолошки и институционални интереси. Улогата на националните парламенти треба да се зголеми.
7. Србија треба да биде примена во Европската унија.
Очекувано, секоја од 7-те точки предизвика лавина реакции на ставовите на Орбан кој се смета за проблематичен и одметнат лидер кој со години ја критикува ЕУ…