Лили Филипс, 23-годишна британска порно актерка која планира да има секс со дури илјада мажи во рок од само 24 часа, предизвика загриженост кај лекарите.
Филипс во јануари има за цел да го собори претходниот рекорд на нејзината колешка Лиза Спаркс, која во 2004 година во Полска имала секс со 919 мажи во еден ден, а неодамна изјави дека физички се подготвува со месеци за да го поднесе тој предизвик.
Сепак, Зак Тарнер, лекар од Сиднеј, специјализиран за превентивно здравје, предупреди дека таквата екстремна активност може да има многу негативен ефект врз нејзиното тело.
„Сексот во суштина е физичка активност која вклучува движења на различни мускули, работа на кардиоваскуларниот систем и ослободување на ендорфини“, изјави тој за News.com.au и додаде:
„Кога е во умерени количини, сексот е како вежбање – овозможува ослободување од стрес, ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем и овозможува емоционално поврзување. Меѓутоа, кога ќе се доведе до екстреми, како што е 24-часовен сексуален маратон, данокот може да биде многу голем“.
„Сметајте го тоа слично на трчање маратон без претходен тренинг; повредите од прекумерниот напор, дехидрацијата и исцрпеноста се речиси загарантирани“, продолжи Тарнер.
Лиза Спаркс, актуелната рекордерка, по таквиот сексуален маратон признала дека трпела силни болки цела недела, но сепак изгледа дека тоа нема да ја натера Филипс да се откаже.
„Верувам дека ќе боли пред крајот, но сигурна сум дека решителноста ќе ми помогне да не се откажам“, изјави неодамна таа за поткастот „The Reality Check“ и истакна дека постепено го зголемува бројот на партнери во последните месеци.
„Неодамна ги одработев стотина за 14 часа, а наскоро и 300“, рече таа.
„Сексот нуди бројни придобивки, вклучително и подобрување на кардиоваскуларното здравје преку умерена телесна активност, ослободување од стрес преку ослободување на окситоцин и ендорфин и подобрена интимност и емоционална поврзаност со партнерите. Меѓутоа, во екстремно сценарио како ова, ризиците ги надминуваат придобивките. Заморот ги намалува пријатните аспекти, а постојаниот физички напор се претвора од корисен во штетен. Иако тоа може да биде кардиоваскуларен тренинг, најверојатно на крајот ќе направи повеќе штета отколку добро“, повтори Зак.
„Другите здравствени елементи кои доаѓаат предвид вклучуваат поголем ризик од сексуално преносливи болести, како и негативни психолошки ефекти“, нагласи докторот.