Дваесетдневно бебе со повреда на главата и натколеница и мајка со полесни телесни повреди се примени на педијатриското одделение во болницата Чаковец, јави ХРТ.
Мајката и детето се од Пишкоровац и се жртви на семејно насилство.
Според ХРТ, мажот под дејство на алкохол ја претепал сопругата по главата и рацете. Тој со метална шипка го удрил и бебето кое мајката го држела во рацете и му нанел длабока рана на главата.
Мајката и детето со Брза помош биле пренесени во болница.
Дежурниот педијатар Дејан Балажина потврдил дека детето има повреди на главата и бутот и е во болница поради можни компликации.
„Ова е машко новороденче на неполни три недели, кое го хоспитализиравме, го примивме денеска во попладневните часови. Станува збор за повреди на главата и левата бутина“, изјави тој.
„Детето го примивме заедно со мајката, мајката е добро. Можам да кажам, за среќа и детето е добро, засега се чини дека не е сериозна телесна повреда. Детето го оставивме на опсервација за следење. Мислам дека сè уште немало толку мало дете, но, за жал, го има тоа“, рече Балажин.
„Засега не се чини дека се работи за сериозна повреда, но ние го следиме“, рече тој.