Зоран Н. од српското гратче Варошице е приведен бидејќи возел во алкохолизирана состојба. Но, тој истовремено направил нешто со што ја шокирал полицијата.
Имено, кога ја видел сообраќајната полиција тој застана на 20 метри од неа, ги исклучил светлата на авотомобилот и се правел мртов. Но, заборавил да ја исклучи музиката која “трештела“ во автомобилот.
– Прво се правеше мртов, но, по неколку минути чекање го отвори прозорот и од колата се почувствува мирис на алкохол. Откако виде што направи и дека се изглупира, тој уплашен почна да соработува. Човекот успеа се да исклучи во автомобилот, но ја заборави музиката – изјавиле за блиц.рс во полицијата.
Инаку, возачот немал ни возачка дозвола а му било измерено 2,2 промили алкохол во крвта.