Полицијата во хрватско Мирковци фатила возач кој бил толку пијан што не сфатил дека вози на два бандаши.
Според наводите на полицијата, овој случај го пријавил граѓанин кој се движел зад автомобилот кога открил дека пијаниот возач на „мерцедес“ на предното десно и задното десно тркало немал поставено гуми и возел само на бандажи.
По запирање на автомобилот, полицијата утврдила дека 44 годишникот возилото го возел под дејство на алкохол, а измерени му биле 2,23 промили алкохол во крвта.
Општинскиот суд во Винковци на возачот му изрекол казна од 1.600 евра и мерка забрана за управување со моторно возило во траење од три месеци.