Ноќеска во 1.40 часот пред угостителски објект на улицата „Пролет“ во Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир од слобода бил лишен Т.Т.(40) од Бугарија, кој бил во алкохолизирана состојба.
Тој бил предаден на полициски службеници од полициска станица Центар за понатамошна постапка.