Познатата пејачка Ари Ленокс е уапсена поради агресивното однесувањ на аеродром во Амстердам.
Имено, таа во алкохолизирана состојба дивеела на аеродромот и упатувала закани кон вработена во авио-компанијата.
Како што пренесуваат странските медиуми, холандската полиција веднаш реагирала и ја уапсила пејачката за да не дојде до поголем проблем.
Сè уште не се знае кога пејачката ќе излезе од притвор, а како што се шпекулира, причината за тоа е покренатата истрага поради наводните закани од Арија.
Што е уште полудо, пејачката за време на апсењето цело време „висела“ на Твитер и врескајќи објавувала што се случува од минута во минута.
„Тоа се безбедносните сили во Амстердам. Мразат црнци – напишала во еден твит, додека во друг објавила: „Tукушто ме апсат“.