На инстаграм страницата „moj_beo_grad“, се појави видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како маж, најверојатно под дејство на алкохол, откако напушта зграда од чист мир ја удира влезната врата со клоци, раце, глава…
Најинтересно е што стаклото го пробива о главата, но поминува без повреди.
Луѓето прашуваат дали го препознавате ова лице итно да го пријавите во полиција.
– За време на инцидентот што се случи на улицата Милутин Миланковиќ 28, лицето од видеото, кое не е станар на зградата, ја скрши влезната врата, вратата од лифтот и врата од стан. Ако ја препознаете личноста, пријавете во полиција – стои во објавата на сметката на Инстаграм.