Невеста од САД е убиена само неколку часа по завршувањето на венчавката, кога пијана жена возач удрила во автомобилот на новопечениот пар на патот.
Саманта Милер (34) загина во сообраќајна несреќа во Јужна Каролина. Повредени се и уште три лица кои биле во возилото со неа, меѓу кои и младоженецот.
Младоженецот Арик Хачинсон се здобил со повреди на мозокот и повеќекратни скршеници.
Осомничената Џејми Ли Комороски возела изнајмен автомобил со 105 км/ч за време на несреќата на 28 април и само накратко притиснала на сопирачките пред да удри во возилото на нововенчаната двојка, пишува NBC News.
Ограничувањето на брзината во таа област е 40 km/h.
Коморски во полиција изјавила дека „не направила ништо лошо“ и покрај тоа што нивото на алкохол во крвта ѝ било три пати повеќе од дозволеното.
Таа беше обвинета за убиство и возење во пијана состојба.
Доколку биде осудена, ѝ се заканува затворска казна до 25 години.