Пијана Германка (28) која удрила полицаец по задникот завршила во ќелија на трезнење и сега очекува тужба за сексуално вознемирување, објавија властите.
Според полицискиот извештај, девојката го нападнала полицаецот на главната улица во Дортмунд.
Му се приближила од позади, додаде таа и одеднаш го плеснала по задникот.
Бидејќи не ги покажала документите, била однесена во блиската станица, каде потоа ја навредувала полицијата.
Целиот настан бил снимен од надзорните камери.
На приведената жена и биле измерени 1.6 промили алкохол во крвта, додаваат од полицијата.