Легендарната српска актерка Сека Саблиќ ја прими вакцината против коронавирусот, а за медиумите вели дека се чувствува одлично.
-Јас се одморам, уживам, добро сум. На Сава сум на езеро, уживам, пијам џин тоник, ништо не ми фали, – вели актерката.
Таа низ смеа раскажува и дека не и фали ништо.
Инаку актерката ја примила кинеската вакцина, а за српските медиуми открила дека е многу задоволна од целиот процес.
-Многу малку време чекав, навистина сум запрапастена дека се функционира толку брзо, – вели Саблиќ.