Американската писателка Ешли Сент-Клер објави дека пред пет месеци родила дете од американскиот претприемач и милијардер Илон Маск.
„Пред пет месеци го поздравив доаѓањето на свет на ново бебе. Таткото е Илон Маск. Не го објавив ова порано за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето бебе”, напиша таа на социјалните мрежи X.
Дваесет ишестгодишната Сент-Клер сакала да го задржи во тајност раѓањето на своето дете со Маск. Сепак, одлучила да го објави тоа затоа што се плашела дека веста сепак ќе стане јавно позната.
„Не го споделив ова за да го заштитам нашето бебе. Меѓутоа, последниве денови стана јасно дека таблоидите имаат намера да го објават ова, без оглед на штетата што може да се направи“, сподели Сент-Клер.
Сент-Клер побара од новинарите да ја почитуваат нејзината приватност. Други поединости не се објавени.
Писателката уверува дека сака на своето дете да му подари нормално детство и да го одгледа во безбедна средина. Нагласува дека не сакала да ја даде оваа изјава, но се покажало дека е присилене на ваков чекор. Ешли побара приватност: таа изрази надеж дека нема да се направат обиди да се дознаат детали за нејзиниот живот и животот на бебето.
Сент Клер е најпознат како автор на книгата за деца „Слоновите не се птици“.
Според магазинот People, писателката е жесток поддржувач на конзервативните ставови и конзервативна активистка . Изданието, исто така, потсетува дека ова е 13-то дете на Маск.
Маск сѐ уште не ја коментирал оваа вест. Милијардерот има шест деца од првиот брак со Џастин Вилсон, три од Сиобхан Зилис и три од пејачката Грајмс. Милијардерот ја раскина врската со уметницата пред четири години.