Пирс Броснан (70), ирскиот актер најпознат по улогата на тајниот агент 007 Џејмс Бонд, на 16 мај наполни 70 години.
Тој и неговата сопруга важат за еден од најскладните и најсакани парови во Холивуд.
Популарниот Џејмс Бонд деновиве добива покани за суд поради прекршокот којшто го направил во националниот парк Јелоустоун затоа што прошетал во делот којшто е заштитен со закон и пристапот за туристи му е забранет. Без оглед на тоа неговиот изглед и во осмата деценија е неверојатен и постојано ги воодушевува обожавателите.
Тој во една прилика бил фотографиран со голо торзо на плажа, а на фотографиите може да се види неговото брутално тело.
Како што се чини, актерот ја одржува својата линија и дефинитивно добро му оди тоа, па го задржал статусот „заводник“.
Да ве потсетиме, актерот во една прилика изјавил дека секогаш ќе биде заштитнички насочен кон својата сопруга:
„Некои од нашите пријатели ѝ понудија операција за намалување на тежината. Но, јас го обожувам секој дел од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи и затоа што ги роди нашите деца. Отсекогаш навистина ја сакав поради тоа каква личност е, не поради убавината, а сега ја сакам уште повеќе затоа што е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен на нејзината љубов“, рекол актерот.
Пирс Броснан е прекрасен сопруг, а со Кили Шеј Смит се оженил во 2001 година. Познатиот пар ги има синовите Дилан и Парис.