Братучетката на Пино Секондо денеска сведочеше во Кривичниот суд. Таа раскажа за тоа како и кога ја запознала девојката која е второосомничена за неговото убиство, објави А1.он.
– Ангела му беше девојка за задоволување на сексуалните потреби – сведочеше братучетката на Пино, Марија Трпковска.
Тој тоа самиот и го имал кажано, а Марија не ја прифаќала Ангела бидејќи според неа таа не и прилегала на нивната фамилија, односно не се дотерувала и не била средена.
Инаку, Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.
Судијката Ленка Давитковска следното рочиште го закажа за в вторник.