Пилот во Австралија во вклучил автопилот и се онесвестил за време на лет. Тој во таква состојба летал 40-тина минута, кога приметила контролата за летање. Таа неколку пати се обидела да исконтактира со пилотот, но безуспешно. Друг авион кој бил во близина пријавил дека нешто чудно се дешава со авионот во кој бил онесвестениот пилот.
Истрагата што ја спровел австралиското Бори за безбедност во сообраќајот установило дека пилотот бил ненаспан пред летот и дека јадел само чоколатца и пиел енергетски пијалоци и вода. Тој летал од аеродромот Порт Аугуста во Јужна Австралија до Парафилд. Кога се соземал пилотот, авионот се вратил ва Парафилд во придружба на друг авион.
– Пилотот изјави дека ноќта пред летот имал несоница и дека заздравувал од мала настинка. На денот на летот тој воопшто не доручкувал – стои во соопштението.