Неверојатна приказна за тоа како пилот на „Бритиш Ервејс“ бил исцицан од пилотската кабина на сред лет, висел од прозорецот и преживеал.
За време на летот од Бирмингем до Малага, додека авионот патувал над Оксфордшир, два од шесте прозорци во пилотската кабина ненадејно се скршиле.
Капетанот Тим Ланкастер бил истргнат од седиштето и извлечен низ прозорецот додека авионот бил на височина од околу 7.000 метри.
Силата, исто така, ја разнела вратата од пилотската кабина од шарките. Стјуарт Најџел Огден едвај се одржувал на нозе.
Г-дин Огден, кратко по несреќата, дал изјава за Sunday Morning: „Се свртев и видов низ отворот – каде што требаше да биде вратата од пилотската кабина – дека нема предно ветробранско стакло, дека Тим, пилотот, излетал од прозорецот – тој беше сктргнат од појасот и се што можев да видам беа неговите нозе“.
Г-дин Огден влетал во пилотската кабина и успеал да го фати за нозете на пилотот додека полека се лизгал низ прозорецот.
– Потоа ја прескокнав контролната табла и го фатив за половината за поцврсто да го фатам – објаснил тој. Кошулата му паднала низ грбот, а телото му било свиткано кон горниот дел од авионот
– Нозете му се заглавија во контролната табла и случајно го исклучија автопилотот. Ова придонесе брзината на авионот да падне на речиси 650 км/ч низ небото“.
За да биде поголема драмата, самиот Стјуарт Огден почнал да се лизга низ прозорецот додека го држел пилотот, но за среќа друг член на кабинскиот екипаж, Џон Хевард, се опоравил од шокот, влетал во пилотската кабина и го фатил за појасот.
Стјуарт Огден ја продолжил приказната: – Сè уште го држев Тим но рацете ми стануваа се послаби и тој се лизна. Мислев дека ќе го изгубам, но се преклопи во форма на „У“ околу прозорецот. Лицето му удираше во прозорецот, од носот и од страната на главата му течеше крв, а рацете му трепеа. Најстрашно ми беше што очите му беа широко отворени. Никогаш нема да ја заборавам таа сцена додека сум жив.
Додека копилотот Алистер Аткинсон полека успевал да ја преземе контролата, друга стјуардеса по име Симон стигнала до пилотската кабина и го фати „синџирот“ на мажите, за да го држи Тим поцврсто.
Г-дин Огден за Сандеј Тајмс додал: „Се сеќавам дека Аластер, копилотот, се бореше да го контролира авионот и викаше Мејдеј!Мејдеј! на радиото.
– Го пуштив Џон и истрчав назад да ги чувам патниците, кои слушнаа тресок. Мојата кутра колешка Сју Принс сама се грижеше за се во авионот – изјавила стјуардесата Симон, која кога проценила дека стјуардите можат сами да го држат Тим, се вратила во кабината за да ги смири патниците.
– Притисокот врз Аластер сигурно бил огромен – нашите животи беа сите во негови раце. Но, тој совршено го приземји авионот.
Авионот слетал на аеродромот Саутемптон, каде што ги пречекале службите за итни случаи.
Според извештајот на Одделот за истрага на воздушни несреќи по инцидентот, механичарот користел погрешни завртки за да ја зацврсти шофершајбната.
Во извештајот се наведува дека процесот на поставување на шофершајбната, кој се одвивал 27. часа пред полетувањето на авионот во јуни 1990. година, имал низа лоши работни практики, лоши проценки и грешки во перцепцијата.
Огден го напушти Бритиш Ервејс по несреќата и отиде да работи за Армијата на спасот.
Капетанот Тим Ланкастер повторно полетал!
Целиот инцидент бил пресоздаден за документарниот филм наречен Air Crash Investigation – Blow Out, кој се емитуваше на каналот National Geographic во 2005 година.