Пилотот го заборавил пасошот: авион со 270 луѓе морал да се сврти во воздух над САД

by Тони Зографски

Авион на Јунајтед ерлајнс кој летал од Лос Анџелес за Кина морал да се сврти во воздух и да се врати откако било откриено дека еден од пилотите полетал без пасош, потврдија од авиокомпанијата за Си-ен-ен.

Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 14 часот по локално време и се упатил кон северозапад. Планот беше да се стигне до Шангај преку Тихиот Океан.

Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, според веб-страницата FlightAware.

„Пилотот немаше пасош во авионот. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе нашите патници до нивната дестинација таа вечер. На патниците им беа доделени ваучери за оброк и компензација“, соопштија од Јунајтед ерлајнс.

Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com