Британската пејачка Адел има ослабено неверојатни 10 килограми, преку вежбање пилатес.
Својата одлична фигура, Адел ја покажа на 33-от роденден на пејачот Дрејк, кој го прослави неделава.
31-годишната пејачка се појави со црн кадифен фустан со голи рамена и со коса собрана во опавче. Целиот изглед го дополнила со пар сребрени обетки.
Пејачката сподели и фотографија од настанот, со опис:
„Плачев, но сега се потам. Среќен роденден на една од најдобрите и најсмешните личности што ги имам запознато.“ – напиша Адел.