Принцот Чарлс, човек кој е синоним за чекање на престолот, го слави својот 73-ти роденден. Се сомневаме дека неговата мајка или сопруга ќе му го подготват неговото омилено јадење на овој ден, но тоа секако ќе го направи многубројниот персонал со кој располага кралското семејство.
За тоа време семејството добро ќе се забавува, ќе наздрави за иднината и ќе сподели неколку анегдоти од минатото… Веројатно. Не знаеме точно како изгледаат прославите на Чарлс и кој е главниот шегобиец. Сепак, знаеме неколку интересни работи за него.
Престолот го чека од 1952 година кога почина неговиот дедо, кој функцијата ја презеде кралицата, неговата мајка Елизабета. Никој во историјата не чекал толку долго како тој.
Почнал да консумира алкохол на 14-годишна возраст, кога на училишна екскурзија нарачал вишнова ракија.
Тој има три браќа и сестри и сите се поврзани со Влад Тепеш, човек кој му послужил како инспирација на Дракула. Чарлс поседува дури и земја во Трансилванија и ги прославил селата што ги посетил за време на едно од неговите кралски патувања.
Во неговата младост, Чарлс наводно бил затрескан во Барбара Стрејсенд. Тешко дека дворецот би ја прифатил како негова сопруга… Во љубовниот живот се обидел да се вклучи и Ричард Никсон, кој сакаше да му ја намести ќерката Триција, но тоа не му успеа.
Пред да студира историја, се обидел да студира археологија и антропологија.
Го привлекувала и магијата, па во 1975 година станал член на магионичарското друштво „Magic Circle“.
Тој е висок колку неговата покојна сопруга Дајана – по 178 сантиметри, а бил постар од неа 12 години.
Приказните од дворецот велат дека принцот е многу талентиран за свирење на чело, како и дека е голем љубител на Хари Потер.
Во една прилика доби можност да води временската прогноза.