Прославениот англиски фудбалер, Рио Фердинанд ја откри својата темна страна од својот живот. Тој на почетокот на кариерата играше за Вест Хем, а тоа е периодот кога почнал да пие алхолол со своите соиграчи.
„Пиев многу повеќе од останатите играчи, и навистина можев многу да испијам. Знаев да испијам по 10 „џина“ и после да продолжам со вотка. Бев идиот. Вистински лудак. Тоа беше екипа составена од играчи кои многу пиеја. Фудбал, алкохол и ноќни клубови. Тоа беше мојот стил на живот“, раскажа Фердинанд.