Пејачот на белградскиот панк бенд “Цигла ин Д Вугла” Немања Јанковиќ е пронајден мртов во бањата. Тој беше и член на Атлетскиот клуб “Сава” од Нов Белград.
“Беше најбрзиот тркач во клубот, АК Сава – Нови Београд, 1.20х, полумаратон, а потоа беше повреден и не трчаше 19 месеци. Пред неколку дена се врати на атлетската патека и тоа беше многу емотивен момент за него, бидејќи многу сакаше да трча. Ја доби својаата црвена маичка која се добива со категоријата полуелита, но за жал тогаш се повреди, па никогаш немаше можност да ја носи на трка“ – напиша еден пријател на неговиот Фејсбук профил.