Американскиот пејач и текстописец Дејвид Олни почина на сцената додека настапуваше на фестивал во американската држава Флорида.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, пејачот на една од своите песни, недолго по почетокот на концертот застанал на среде песна, се извинил и потоа затворил очи и замолчил…
– Тоа беше на неговата трета песна. Прекина, се извини и затвори очи – објавила на Фејсбук една музичарка која седела до несреќниот човек.
– Беше мирен, седеше мирно, држело гитара, а на себе имаше кул шешир и јакна – додала таа.
Скот Милер, еден од двајцата музичари кои биле на сцената со починатиот пејач, се обидувал да го оживее Дејвид, но безуспешно. И тој се огласил на Фејсбук и раскажа што се случило.
– Минатата вечер го загубивме Дејвид, еден од најпријатните кантавтори кого имав задоволство да го запознаам и да научам многу од него, а потоа објасни што се случило.
– Дејвид направи пауза, рече: „Жал ми е“, а потоа брадата му падна на гради. Беше тоа лесно и нежно, онака каков што тој беше. Го спуштивме и направивме се што можевме да го оживееме. Светот вчера го изгуби еден од најдобрите луѓе. Но, ни остануваат неговите песни – напишал тој.
Во соопштението за печат е наведено дека Олни имал срцев удар додека настапувал на плажата Санта Роса.
Олни беше клучен протагонист во музичката сцена во Нешвил, а неговите песни се изведувани од бројни американски фолк sвезди. Тој ја основал рок-групата „Х-Rays “ во раните 80-ти, по што започна соло кариера за време на која снимил повеќе од 20 албуми.