Пејачката Ника Антолос, која беше членка на некогаш популарната група “Феминем“, откри дека докторите и дијагностицирале мултиплекс склероза со која секојдневно се бори.
https://www.instagram.com/p/Bsp10vsnao9/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“ Прво не ги чуствував нозете, а потоа состојбата почна да се влошува. Почнав да не гледам на левото ако и има уште безброј симптоми на оваа болест. Секој ден чувствувам умор, вртоглавица, мачнина“ -вели Ника и додава:
“ Најстрашно е што денеска кога имам 29 години не знам дали уште ќе бидам жива, или во количка, или понатаму во болки, или многу подобро со триесет години. Немам поима. Моето дете расте, но јас не можам да му ветам дека ќе бидам покрај него за две години или нема да ме биде“.