Младата колумбиска пејачка Камила Стерлинг (23) е пронајдена мртва во када во хотелска соба во Мајами.
Младата девојка сакала да стане позната пејачка, а својата популарност ја стекнала со провокативни фотографии на социјалните мрежи. Нејзиниот менаџер Дејвид Болни изнајмил хотелска соба, чија цена е 2.600 евра од ноќ, за младата пејачка.
Тој бил со неа во собата, а како што пренесува „Daily Mail“, Дејвид е оженет и има две деца. Пејачката во таа соба е пронајдена мртва, а Болни ја напуштил собата во околу 4 часот наутро на денот на несреќата, пред да пристигне полицијата.
Полицијата сега ја истражува причината за смртта, а во собата се пронајдени и некои сомнителни супстанции, па се чекаат токсиколошките наоди.