На доделувањето на „People’s Choice Awards“ се собраа бројни познати личности од светот на музиката, модата и филмот, а најголемо внимание привлече пејачката Беки Џи.
Иако на црвениот тепих прошетаа многу светски убавици како Хали Бери и Скарлет Јохансон, американската пејачка Беки Џи најмногу привлече внимание поради тоалетата што ја носеше.
Пејачката се појави во трик фустан кој ги збуни сите присутни. Лево, светло жолтата креација без грб делуваше многу женствено, но „пристојно“. Меѓутоа, кога Беки се сврте десно кон фотографите, им „паднаа“ вилиците. Шлицот кој допираше буквално до половината откри многу повеќе отколку што сите очекуваа. Најпрво беше јасно дека на наградата дошла без гаќички, а бидејќи деколтето беше толку длабоко, задникот и се откриваше на секој чекор.
Пејачката го искомбинирала спектакуларниот фустан со црни сандали со платформи на високи потпетици, на познатиот бренд Џими Чу.