Пејачката Камила Кабело била во посета на палатата на принцот Вилијам и војвотката Кејт, а подоцна признала дека украла нешто на таа посета. Популарниот водител Грег Џејмс кој заедно со Камила бил во посета на кралското семејство, самиот признал дека тој ѝ предложил на пејачката да го направи тоа:
„Бевме толку многу возбудени кога ги запознавме Кејт и Вилијам па ѝ реков на Камила: „Укради нешто! Укради барем пенкало“ – вели популарниот водител.
„Ме предизвикуваш. Не прави го тоа“ – му одговорила Камила.
„Го ставив пенкалото во чантата на мајка ми, а таа веднаш ми рече: „Мораме да го вратиме пенкалото“. На тоа ѝ возвратив: „Не, тој ме предизвика, морав да го украдам“ – раскажала накратко пејачката Камила.
Кејт и Вилијам на објавата на Твитер кажале дека забележале што Камила краде од нив, така што на нејзиното признание реагирале со широко отворени очи.
https://www.instagram.com/p/B5Yz4P9pxPC/?utm_source=ig_web_button_share_sheet