ПЕЈАЧКА ДОЈДЕ НА МОДНА РЕВИЈА ПО ГАЌИ (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката и актерка Шарлот Лоренс привлече големо внимание кога пристигна на ревијата на Сен Лоран за време на Неделата на модата во Париз, и тоа поради необичниот моден избор.

25-годишната ѕвезда се појави во комбинација која многумина ги остави без зборови: широка темнозелена кошула и високи потпетици, додека долниот дел го замени со луксузна долна облека од чипка која целосно ги откриваше нејзините нозе.

По пристигнувањето на настанот, Шарлот им мавна на собраните обожаватели и фотографи, самоуверено носејќи ја смелата комбинација. Таа дополнително го нагласи стајлингот со големи златни обетки, нараквици и впечатливи очила за сонце.


На фотографиите од ревијата, таа позира со сериозен израз, додека минималистичката, но провокативна облека потврди дека Сен Лоран ѝ останува верен на смелата естетика што ја брише границата помеѓу модата и долната облека.

останати вести