Пејачката Теа Таировиќ што пееше со Шабан Шаулиќ на неговиот последниот настап имаше голема среќа.
“ Го изгубив куферот во текот на летот и кога стигнав во Билефелд бев многи нервозна. Шабан и неговите колеги ми велеа: ‘Да леташе со нашиот лет немаше да ти се изгуби куферот’. Да летав со нивниот лет ќе бев со нив во автомобилот во кој Шабан загина“, изјави Теа по доаѓањето во Белград и додаде:
“Не можам да верувам дека го нема. Синоќа тој, според мое мислење, го имаше една од најдобрите настапи… Луѓето му приоѓаа да се фотографираат, тој во текот на натапот се фотографираше со фановите. Навистина сум во шок. Јас не сум свесена за она што се случи. Јас само знам дека јас ќе се сеќавам на него до остатокот од својот живот како што беше минатата ноќ, среќен и насмеан “, вели Теа Таировиќ.
Инаку, последна вест е дека синоќа почина и клавијатуристот на Шабан, Мирсад Кериќ кој го возеше автомобилот.
Шабан Шаулиќ загина вчера во сообраќајна несреќа што се случи кога пијан возач удрил во задниот дел од автомобилот во кој тој бил. По завршувањето на настапите во Билефелд, град во Германија, Шабан со музичарите отишол во хотелот да ги собере работите, а потоа се упатил кон аеродромот во Дизелдорф каде што во раните утрински часови имал лет за Белград. Недалеку од градот каде што настапувал, пред нив се случила сообраќајна несреќа и овој дел од патот бил затворен, па тие биле принудени да засанат пред самото местото на несреќата. Во тој момент, возачот кој бил во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола удрил во возилото во кое бил Шабан заедно со музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ.
Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград.