Пејачката Електра Елит неодамна призна дека се бави со проституција, а пред 13 години го сменила полот. Таа отворено зборува за се, а сега решила да покаже и како ги договара состаноците со муштериите во Швајцарија. За медиумите во соседството покажала како се допишува со еден брачен пар, па открила што и побарал мажот.
„Тој ме прашува дали би можел да дојде со жена му. Значи, сакаат тројка. Јас му велам: „Свињо една, такви термини не закажувам додека четири пати не ми потврдиш. Го прашувам кога, вели вечерва во 22. Велам океј. Ме праша за цена, му реков 1500 евра. Тоа е цената“, рекла Електра и додала оти верува дека има уште познати кои се бават со проституција, но не сакаат да зборуваат за тоа.
„Отсекогаш сум била храбра. Стојам зад се што сум кажала. Прва сум која призна јавно. Горда сум сум што ја раскажав мојата животна приказна“, рекла Електра, која патем има две деца кои ја викаат „тато“ иако го има сменето полот.
„Ним сум им татко, тие знаат се од почетокот на моите ситни трансформации. Сега имам поддршка и од бившата сопруга иако на почетокот не и беше драго“, вели во едно свое интервју Електра, која со проституција се бави само во Швајцарија.