(фото: Д. Дервишагиќ)
Познатиот пар од групата “Зана“ Јелена и Жика Живановиќ соработуваа 29 години, а десетина години се во брак. По повеќе од деценија во брак неизбожно е прашањето околу новното родителство.
– Нормално дека пробавме се, но мислам дека тоа се лични работи. Знам што значи да се сака дете, но свое дете не знам како се сака бидејќи никогаш не сум го имала, а тоа што го немаш не знаеш дали ти фали, – изјави Јелена за Блиц.
Иако се зборувало дека ќе посвојата дете, таа откри дека не планираа такво нешто, и дека тој процес во Србија е доста мачен.
Љубовната приказна на Јелена и Жика почнала додека биле колеги во групата.
– Ние двајцата почнавме како пријатели. Кога влеговме во брак, веќе бевме добро уиграни. Се она што не ни се допаѓаше кај оној другиот успеавме да го акумилираме и да живееме со тоа. Тоа е главниот фактор за опстанок на двајца луѓе – вели Јелена.
Инаку, Жика од првиот брак има две ќерки, додека Јелена сеуште не станала мајка.