Роднините на пејачката Кет Џенис, најпозната по песната „Dance you outta my head“, објавија дека таа починала од рак на 31 година. Во изјавата објавена на Инстаграм, најблиските на музичарката открија дека таа починала во својот дом од детството, „опкружена со своето семејство со љубов“, пишува „Дејли мејл“.
„Кетрин мирно влезе во светлината и љубовта на нејзиниот небесен творец“, се наведува на почетокот на објавата.
„Вечно сме благодарни за изливот на љубовта што Кетрин и нашето семејство ја примија во последните неколку месеци. Кет видела дека нејзината музика оди на места што никогаш не ги очекувала и почива во мир, знаејќи дека ќе продолжи да се грижи за својот син преку нејзината музика. Ова не би било можно без сите вас“.
Џенис стана вирална на социјалните мрежи, особено на ТикТок, откако откри дека ги префрлила сите нејзини песни на името на нејзиниот седумгодишен син Лорен, за тој да ги добие сите приходи. Нејзиниот брат ќе продолжи да го почитува нејзиното наследство со водење на нејзината страница на Инстаграм и со управување со „сите операции околу нејзината музика, стока и односи со јавноста“.
На почетокот на 2022 година, на Кет ѝ беше дијагностициран рак на коските или на меките ткива. Таа беше подложена на операција, хемотерапија и зрачење, а во јули 2022 година ѝ беше кажано дека е излечена. Меѓутоа, во јуни 2023 година, таа на социјалните мрежи објави дека болеста се вратила, овој пат во нејзините бели дробови.
На почетокот на овој месец, таа им кажа на своите следбеници дека се чувствува „заробена во речиси безживотното тело“ додека примала терапија. По долга борба со страшната болест, пејачката минатиот месец изјави дека „ракот победил“ и дека ѝ останале само уште неколку „недели или месеци“.
Пејачката пред речиси еден месец реши да објави проштална песна наречена „Dance you outta my head“, како последен обид да собере пари за својот син. Кет направи дует со креаторката на содржината Сара Котран.
Потоа таа објави потресителни информации за нејзината состојба, пишувајќи: „Толку ми беше тешко да поминам низ ова и сите овие видеа и насловни страници и целата ваша поддршка го олесни и не можам доволно да ви се заблагодарам. Ова ми помогна да се сетам дека кога ќе стигнам во рајот ќе танцувам со Бог и ќе се издигнувам над облаците. Не можам да чекам“.
„Веќе нема да бидам заглавена во ова тело. Пак ќе танцувам. Се надевам дека ќе се видиме сите таму. Конечно ќе бидам слободна и ќе игра. И моето момче ќе ги има сите овие прекрасни спомени благодарение на сите вас“, објави Кет.