Музичарот Петар Младеновски, познат како фронтмен на групата Суперхикс се огласи на Фејсбук, каде објави дека неговиот син бил истепан од група на малолетници, во неделата вечерта околу 21 часот.
„Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи. Во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, мојот малолетен син е нападнат играјќи сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години. Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција“,
Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм…)
Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме. Е тука следува изненадувањето!
Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени.
Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.
Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив.
Исконтактирана е директорката на Домот, добив повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска која верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.
Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова.
Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто.
Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!
П.С ВО прилог и пар фотографии од лицата, чисто за да бидете внимателни..“, стои во неговата објава на Фејсбук.