По повод Европското првенство во фудбал, на кое за првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од денеска до 18 јуни ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.
– Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот – соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека на овој начин, Министерството за внатрешни работи ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.