Македонската пејачка Маја Саздановска, пред пет години доживеа семејна несреќа, кога го изгуби нејзиниот сопруг Саша.
Еден нивен пријател со фотографија од нивната свадба, емотивно се присети на Саша.
– Нему на некое место во Космосот, Саше му беше потребен- напиша тој.
– Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, изјави Маја Саздановска за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Маја Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.