Петар Грашо на еден од неговите концерти во Белград гризна обожавателка за нога, па продолжи со настапот. Видеото за брзо стана хит, а пејачот раскажа што навистина се случило.
„Целата ситуација беше многу симпатична. Траеше две, три минути. Девојката ја крена ногата, а на неа го пишуваше мојот стих „Јас љубов и јас постојам’. Тогаш клекнав и ја бакнав. Ја прегрнав и ѝ се заблагодарив“, рече Грашо, кој по настапот заминал во кафеана со пријателите.
Рече дека во Белград храната е одлична и дека особено обожава ќебапи и црвено вино.
„Повеќе пијам отколку што јадам. Со сопругата веќе некое време и го произведуваме. Тоа е вистинска убавина. Пресреќен сум кога пијам и сакам тогаш сум подобар човек“, рече пејачот.