Првиот човек на „Македонски концепт“, Петар Богојески преку својот Фејсбук профил го искоментира апсењето на Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски и Александар Митовски.
“Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава… и во услови на корона, нормално е да се практикува геј распаљотка! Лично ги познавам господата Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски, Александар Митевски… не е ок да се користи сексуалната ориентација за власта да се одмаздува врз нив“, објави лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.
Според него, „дополнително, тоа што луѓето немаат кеш да одат низ Европа, а се селски педери од Стајковци, не значи дека треба да бидат малтретирани“.
Инаку, синоќа, во кафеана во Стајковци, биле приведени 18 лица, меѓу кои и екс судијата Владимир Панчевски, Миленко Неделновски, но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов. Според официјалната информација на МВР, вкупно биле уапсени 18 лица, заради непочитување на мерките за заштита.