Песната “А сад адио“ која е заштитен знак на серијата “Жежок ветар“, а која ја испеа Оливер Драгојевиќ е компонирана во такси – открива композиторот Војкан Борисављевиќ.
-Режисерот Аца Ѓорѓевиќ и сценаристот Синиша Павиќ ми кажаа како од прилика треба да звучи песната, односно, мора во нејзините ноти да се почувствува жежок ветар. Се сеќавам ја компонирав во таксито што ме носеше на аеродром, а Оливер ја сними една вечер за само десет минути. Одлично соработувавме со Оливер и многу ми е жал што се распадна Југославија. Во тоа време, таа земја, култура, музика и соработка создаде многу добри работи – вели Војкан и додава:
-“А сад адио“, беше хит што се пееше и надвор од границите на Југославија. Се пееше кога се испраќаше во војска, но и во кафеаните кога е фајронт. Најмасовно песната се испеа на стадионот во Будимпешта кога Љубиша Самарџиќ беше прогласен за глумец на годината. “Смоки“ песната ја пееше на унгарска јазик, а 100.000 Унгарци го пратеа. Тоа беше најголемиот хор кој сум го имал во една своја песна – заклучи Војкан Борисављевиќ.