Хрватскиот музичар Мики Солус направи песна посветена на Македонија.
Песната насловена „У македонском ресторану“ стана хит во целиот регион а во неа се опејани Македонија и значајни личности од нашата земја.
Песната започнува со Александар Македонски, па потоа се спомнуваат Гоце Седлоски, Тоше Проески, Адеми, Мајка Тереза, Горан Пандев, Кирил и Методиј, Кирил Џајковски, Есма, Калиопи, Влатко Стефановски…
Во рефренот се спомнува атмосферата во македонски ресторан, каде пејачка со ботокс пее турбо фолк, се јадат сарми и тавче гравче.