ПЕСНАТА Е ВИНОВНА ЗА СЕ: Младоженецот среде свадба побарал се да се поништи бракот

by Тони Зографски

Двојка од Багдад неодамна стана рекордер кога станува збор за времетраењето на бракот, кога младоженецот на сред венчавка изјавил дека сака да ја напушти свадбата, а сето тоа поради песната што ја нарачала невестата.

Според локалните извештаи, причина за разводот е песната на сириската пеачка Ламиса Кан, која се вика „Јас сум доминантна“, која предизвикала голема кавга меѓу семејствата, кога невестата го нарачала популарен хит.

„Јас сум доминантна, ќе живееш според моите строги правила, ќе те натерам да погледнеш настрана ако ги гледаш другите жени на улица. Јас сум доминантна, ти си мој. Се додека си со мене, ќе живееш под мојата команда“, биле стиховите од песната што го повредиле младоженецот, и побарал  да се поништи бракот.

Наводно, невестата заиграла на песната и уживала во својата венчавка, но семејството на младоженецот не било воодушевено, што резултирало со голема кавга меѓу двете страни.

Интересно е и тоа што ова не е прв пат песната да доведе до развод, бидејќи истата песна беше причина за раскинување на врската помеѓу мажот и жената минатата година во Јордан.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com